2013-09-04 11:19:24

Вистинското место е во близината Христова


На вистински пат сме ако се обидеме да бидеме луѓе кои „слегуваат“ да служат и да ја навестуваат „бесплатноста“ Божја, истакна почесниот папа Бенедикт XVI на светата Литургија на 1 септември во капелата во Административната зграда во Ватикан, по повод традиционалниот летен семинар на неговите некогашни студенти, кој се одржува секоја година под називот „Ratzinger Schülerkreis". Семинарот како и обично е одржан во Кастел Гандолфо, а овогодинешниот 38-ми се одржа на тема: „Прашањето за Бог во секуларно општество“, според филозофско-теолошкото сфаќање на Ремиј Брагуе, француски филозоф, минатогодишен добитник на „Рацингерова награда“ за теологија. Педесет луѓе учествуваа на светата Литургија, а со почесниот папа сослужуваа кардинал Курт Кох, преседател на Папскиот совет за унапредување на единство на христијаните, и кардинал Кристоф Шенборн, виенски архиепископ; архиепископ Георг Генсвајн, префект на Папскиот дом, и Бартелеми Адоуконо, секретар на Папскиот совет за култура, и Ханс – Јохен Јашке помошен епископ на Хамбург. Секој во животот сака да најде добро место. Но кое е вистинското место? Почесниот папа Бенедикт XVI на тоа прашање одговори коментирајќи го неделното евангелие во кое Исус повикува да се заземе последното место. Некое место може да изгледа многу добро, но може да се покаже како многу лошо - забележа почесниот папа осврнувајќи се на случувањата во денешниот свет, посебно во последните децении, кога првите изненадно станаа последни. И апостолите на Последната вечера се бореле заради подобро место. Исус напротив се претставил како слуга. Тој, кој е роден во штала и кој умре на крст, тоа ни го вели – рече Бенедикт XVI - дека вистинско место е она кое е близу до Него, место по негова мера. Апостолот како Христов пратеник според мислењето на светот е последен, а заради тоа е близу до Исус - забележа Бенедикт XVI. Кој во овој свет и во историјата стигне до првите места мора да знае дека е во опасност. Заради тоа мора уште повеќе да гледа во Господ, да се ориентира според Него; да се мери по одговорноста за другиот, мора да служи, мора да го следи крајот на ногата на другиот, а така да благословува и да биде благословен - објасни почесниот папа Бенедикт XVI. Во денешното евангелие - продолжи Бенедикт XVI - Господ потсетува дека ќе бидат понижени оние кои се воздигнуваат, а понижените ќе бидат воздигнати. Христос, Синот Божји, слегна за да служи, а тоа е битието Божјо, тоа се гледа во неговото свиткување пред нас, во љубовта; љубовта е одговор на страдалниците, воздигнување на понижените. Ние сме на Христовиот пат, на вистинскиот пат, ако во Неговото име и како Него се обидуваме да постанеме луѓе кои „слегнуваат“ за да влезат во вистинската големина, во големината Божја, во големината на љубовта - објасни почесниот папа. Продолжувајќи ја проповедта за Христовото понижување и за битието на Божјата љубов, рече дека крстот во историјата бил на последно место и дека распнатиот немал никакво место; разоткриен, бил никој, а сепак свети Иван во тоа крајно понижување гледа вистинска возвишеност: Така Исус е голем, навистина е Божји, бидејќи висината на крстот е големината на Божјата љубов, големината на откажувањето од самиот себе и посветување на другите. Тоа е божествено место, а ние му се молиме на Бог да можеме подобро да сфатиме и понизно да прифатиме, секој на свој начин, тоа таинство на возвишеност и понижување – рече почесниот папа, потсетувајќи дека Исус потикнува, без обзир на предностите, повика немоќни, хроми и сиромашни бидејќи Тој така направи повикувајќи нѐ нас на трпезата Господова така ни ја покажа својата бесплатност - истакна почесниот папап. Секако, во економијата важи т.н. „возвратена правда“ (do ut des), но дури и во тоа подрачје има нешто бесплатно, бидејќи „без бесплатно простување ниедно општество не може да напредува“, а навистина не можеме да го платиме тоа што ни е највредно во животот: љубовта, пријателството, добрината и простувањето; бесплатни се исто како што Бог бесплатно ни ги даде, рече Бенедикт XVI и истакна: Така и во борбата за праведност во светот никогаш не смееме да ја заборавиме Божјата „бесплатност“; непрестано давање и примање и секогаш да бидеме свесни дека Бог ни дава, за да има добри луѓе кој бесплатно ни ја дава својата добрина, со која бесплатно нѐ поднесува, со која нѐ љуби и бесплатно ни ја искажува својата добрина, објасни Бенедикт XVI. И ние исто така мораме да ја подаруваме таа „бесплатност“ за светот да го приближиме кон Бог, за да бидеме слични на Него, и се осврна на литургиската понизност, која истотака е „неизмерно голема „бидејќи во радосното славење на Бога нѐ придружуваат чети на ангели и светци. А Христовата Крв, која е центарот на Евхаристијата, всушност означува влез во сјајот на радосното Слово Божјо: таа Крв е Неговата љубов, и ни ја отвара славата Божја, заклучи почесниот папа Бенедикт XVI.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.