2013-09-03 09:56:01

Папата на Твитер: .Никогаш повеќе војни! Никогаш повеќе војни


Со јасна порака за мир Папата на 2 септември се огласи на твитер.„Никогаш повеќе војни! Никогаш повеќе војни”, напиша Папата во пораката која е пренесена на 8,93 милиони следбеници на профилот на Папата на таа социјална мрежа. Поглаварот на Католичката Црква со тоа го повтори неделниот апел за мир и поттикот за молитва за мир во Сирија и во светот сумирано во неделниот твит. „Да молиме за мир: мир во светот и мир во секое срце.” Со повикот „Никогаш повеќе војни!”, папата Фрањо ги повтори зборовите на папата Павле VI od 5 октомври 1965 година во Обединетите нации. Со зборовите „Никогаш повеќе војни”, Павле VI бараше престанок на војните и мир во Виетнам. Година дена покасно – 15 септември 1966 – ја објави енцикликата “Christi matri" повикувајќи ги католиците од цел свет во месецот на Марија, октомври на молитва за мир и со поттикна на завршување на конфликтот и почеток на преговори во Виетнам, извикувајќи: „Во името на Господ, ве повикувам да престанете”.

РВ/Б.У.









All the contents on this site are copyrighted ©.