2013-08-31 15:24:38

Папата Фрањо: кардинал Мартини беше пророк на мирот


Споменот на кардинал Мартини е чин на праведност – истакна папата Фрањо примајќи ги во петок 30 август во домот Света Марта патер Карло Казалоне, провинцијал на Дружбата Исусова за Италија, заедно со аниматорите и членовите на Фондацијата Карло Марија Мартини. Фондацијата е формирана по повод првата годишнина од смртта на кардиналот, 31 август, а по иницијатива на Италијанската провинција на Дружбата Исусова и во соработка со Миланската архиепископија.

На средбата со Светиот Отец беше присутен и директорот на канцеларијата за печат при Светата Столица, патер Федерико Ломбарди. Папата Фрањо за патер Мартини рече дека беше човек од расудување и мир, пророк и човек на мирот; човек кој помогна многу во разбирањето за односот помеѓу верата и праведноста – истакна патер Ломбарди во разговор за Радио Ватикан и додаде дека Светиот Отец ја охрабри фондацијата во нејзината работа, потсетувајќи ги на должноста децата да се потсетуваат на татковците. Поради тоа своите први чекори фондацијата ги прави со благослов и охрабрување од Папата, а тоа е многу важно - истакна патер Ломбарди.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.