2013-08-27 10:55:30

Повеќе од двеста милиони христијани во светот се изложени на прогонство


Повеќе од двеста милиони христијани во светот се изложени на прогонство, но за тоа средствата за известување не зборуваат, истакна на 24 август на Средбата за пријателства меѓу народите во Римини, Масимо Илардо, директор на италијанскиот огранок на Фондацијата Помош на Црквата во неволја. Осврнувајќи се на прогонствата врз христијаните во разговор за Радио Ватикан, Илардо потсети на соопштението кое го објавила неговата фондација, а кое покажува дека во светот 70% од светското население трпи заради недостаток на верската слобода. Иако изгледа дека проблемот може лесно да се реши, сепак за него не се зборува. Кога го претставувавме соопштението, истакнавме дека 75% од кршењето на верската слобода се однесува на верската слобода на христијаните. Тоа е транспарентен доказ колку се прогонува христијанската вера. На прашање за односот на меѓународните институции кон прогонот на христијаните, рече дека благодарение на папата Бенедикт XVI кој постојано предупредуваше на прогонот на христијаните, во последните години состојбата значително се промени. Пред тоа за прогонот на христијаните се говореше само во некои кругови, а денес за тоа се зборува и на улиците и по куќите: „Луѓето се прашуваат колку чини да бидеш христијанин во Пакистан, а колку во Италија“. Рече дека ни во Италија не е лесно да бидеш христијанин. Во некои земји христијаните поднесуваат мачеништво, а во Италија постои подмолно мачеништво, за кое зборуваше кардинал Туран, тоа е прикриено мачеништво. Денес христијаните во Италија се прашуваат: кое е моето место во црквата? Дали сум само во недела христијанин или сум уверен христијанин кој својата вера ја сведочи на работно место без разлика на опасноста да остане на маргините на општеството?

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.