2013-08-26 11:24:51

Папата го прими „отец Пепе“ свештеник од фавелите на Буенос Аирес


Папата Фрањо во сабота 24 август го прими на аудиенција аргентинскиот свештеник отец Жозе Марија Ди Паола познат по својата пасторална активност со отфрлените и сиромашните во земјата. Познат е како „отец Пепе", а живее во една од фавелите во Буенос Аирес. Како архиепископ на градот во тоа време, Хорхе Берголо го поддржува и помага во неговата пасторална дејност во т.н. градови од бараки во аргентинската престолнина, а како плод на неговата активност бројот на свештеници во фавелите се удвојува. „Отец Пепе", е многу поврзан со папата Фрањо, својата дејност ја развива со социјално отфрлените лица во фавелите. На аудиенцијата отец Пепе на папата Фрањо му предаде писма и подароци од жителите на фавелите. За време на средбата за пријателство меѓу народите во Римини, „отец Пепе" учествува на тркалезната маса на тема: „Папата Фрањо: со Светло на верата (Lumen Fidei) кон периферијата на постоењето".

РВ/го*ко







All the contents on this site are copyrighted ©.