2013-08-20 11:08:50

Не можеме да бидеме христијани на пола работно време


Папата Фрањо на 19 август упати нова порака на твитер која гласи: Не можеме да бидеме христијани на пола работно време. Ако Христос е центарот на нашиот живот, Тој е присутен во сѐ што работиме“. Овие мисли Светиот Отец веќе повеќе пати ги има повторено.

Ги употреби за време на бдението по повод Средбата на млади на 27 јули на Копокабана, повикувајќи ги младите да не бидат закочени христијани, надворешни, туку вистински христијани, кој копнеат за повозвишено, конечни одлуки кои му даваат полна смисла на животот. А тие мисли беа во центарот и на неговата проповед на светата Литургија во домот Света Марта на 6 јули.

Да се биде христијанин значи да се дозволи Исус да нѐ обнови за овој нов живот – рече тогаш папата Фрањо. Јас сум добар христијанин, секоја недела од 11 до 12 часот одам на света Литургија, правам ова и она... Како да станува збор за некоја збирка. Но христијанскиот живот не е склоп на работи – рече Светиот Отец. Христијанството е складна целина која ја прави Светиот Дух! Обновува сѐ: го обновува нашето срце, нашиот живот и ни дава да живееме во поинаков стил, но кој го опфаќа целокупниот живот. Не може да се биде христијанин на делови, на пола работно време – предупреди Папата. Сѐ е потребно, целина и полно време. Таа обнова ја остварува Светиот Дух. На крајот да се биде христијанин не значи да се прават некои работи, туку да дозволиме Светиот Дух да нѐ обнови истакна Папата.
РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.