2013-08-19 13:59:34

Порака на папата Фрањо до Мисионерскиот конгрес во Аргентина


„Излезете од вас и одете во географските и егзистенцијалните периферии, за да го навестите Исус и Неговото послание". Со овие зборови папата Фрањо се обрати во пораката испратена до учесниците на IV Национален мисионерски конгрес во Аргентина. Конгресот започна на 18-ти август во Катамарка. Папата им се заблагодари на учесниците за нивната покажана мисионерска ревност и посака оваа средба да ги зајакне во нивното послание. Светиот Дух, посакува Папата, „да ви даде сила и храброст да делувате без страв и со жар и нека ве ослободи од искушението на комотноста". На конгресот учествуваат повеќе од илјада аргентински мисионери, а го предводи епископот на Катамарка монсињор Луис Урбанк и на него учествуваат епископи од Аргентина, Бразил, Венецуела, Мексико, Гватемала, Еквадор и Ел Салвадор.
РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.