2013-08-19 10:09:50

Папата жали за жртвите од несреќата во Филипни


Папата Фрањо жали за жртвите од катастрофата со траектот кој при судир со товарен брод потона при влегување во пристаништето Кебу во Филипини. Бројот на жртвите се искачи на 26, додека 200 се водат за исчезнати, а спасени се околу 600 од вкупно 841 патници.

Во телеграма со сочувство, потпишана од државниот секретар на Ватикан кардинал Тарчизио Бертоне, а упатена до архиепископот на Кебу, монсињор Хозе Палма, Папата Фрањо ја искажа „својата духовна близина во молитвата и жртвите ги доверува на милосрдието на Севишниот Бог". Во телеграмата се истакнува дека Светиот Отец се моли Бог да им даде „сила и утеха на семејствата на загинатите, на ранетите и оние кои се вклучени во акцијата за спасување."

Несреќата се случил во петок 16 август при судир на ферибот со товарен брод на влезот на пристаништето. Патниците од фериботот се фрлиле во морето со спасувачки појаси, барајќи помош од бродовите и рибарските чамци кои поминувале, а нуркачите се во потрага за евентуални преживеани. Пристанишните власти ги сослушуваат капетаните на двата брода, за разјаснување на инцидентот.

Во Филипинскиот архипелаг, кој брои повеќе од 7000 острови, најупотребувано превозно средство е ферибот. Во овој архипелаг често се случуваат несреќи, а за најголема се смета несреќата во 1987 година кај Манила, во која загинаа 4.300 лица.








All the contents on this site are copyrighted ©.