2013-08-16 11:32:13

Сестрите Клариси за средбата со папата Фрањо


Пред светата Литургија во Кастел Гандолфо, папата Фрањо се сретна со сестрите Клариси во манастирот во близина на Кастел Гандолфо. Средбата траеше околу четириесет минути. Папата нѐ поттикна верно да го живееме своето послание, останувајќи верни на својата харизма, значи во едноставност, во барање на она што е важно и во сиромаштво, преку кое сите сме сестри, својот живот да го темелиме на Госпдовата љубов. Тешко е да се искаже тоа што го чувствувавме кога се сретнавме со Папата, но средбата беше радост и сила која ја зголеми вистинската одговорност за нашиот одговор на Господ за Црквата и за Светиот Отец – рече игуменијата Марија Асунта Фуоко, а сестрата Марија Конкета додаде дека Папата е толку мирен и опуштен како да нема никакви мисли или дека е без работа.

Светиот Отец не насмеа со својата приказна: Марија стои во Рајот зад вратата, а свети Петар не ја отвора секогаш врата кога на неа чукаат грешници. Поради тоа Марија страда, не се отстранува од вратата. Кога ќе падне ноќта и се затвори рајската врата и никој не гледа, Марија на сите им ја отвора вратата. Во приказната на Папата го видовме своето послание. Повик на контемплативен живот, во затворено, тоа денес воопшто не е вистински сфатено, ниту пак се вреднува, но не е важно тоа. Но во што е суштината, која е целта на контемплативниот живот, нашето послание? На тоа прашање со својата приказна одговори Светиот Отец.
Во тишината, во мракот, кога никој не гледа, никој не знае, никој не слуша, колку луѓе поминуваат покрај нашиот манастир и воопшто не знаат кој има внатре и зошто. А токму во тишината, во ноќта, се одвива нашето послание, ја отвораме рајската врата за да можат да влезат сите наши браќа и сестри, кои можеби не ги интересира и немаат дар на вера. Тоа никој не го знае... но ние не се грижиме за тоа, бидејќи Бог знае, а знае и Марија –заклучи сестра Марија Конкета.








All the contents on this site are copyrighted ©.