2013-08-15 09:35:50

Папата упати писмо до епископот во епархијата Концепцион


Се плашам од тивките христијани, кој сѐ знаат и се концентрираат само на себе", стои во пораката на папата Фрањо упатена до монсињор Армандо Хозе Марија Роси, епископ на Концепцион, Аргентина, по повод 50-та годишнина од воздигнувањето на епархијата. Една многу важна епархија за папата Фрањо, бидејќи таму Светиот Отец, како кардинал Хорхе Марија Бегољо често пати одржуваше духовни вежби за свештеници.

Во писмото напишано со голема љубов, папата Фрањо потсетува на деновите поминати во епархијата и „лицата на свештениците", кои пред неколку години ги слушаа неговите размислувања на духовните вежби. Во текстот Папата пишува за три работи кои треба да ги карактеризираат христијаните: „да напредуваат, да бидат ученици и да навестуваат". „Вие знаете дека се плашам од тивките христијани, зашто се како мочуришта", изјави Папата. Но, додава Папата, „се плашам и од оние кои мислат дека знаат сè", замислени. „Без да се забележат - предупредува папата Фрањо - тие постепено го затвораат срце за Бог и се концентрираат само на себе". Тоа се Христијани, кои Светиот Отец ги дефинира како „христијани со самите себе и за себе".

Но средбата со Исус и воодушевеноста од оваа прекрасна средба неизбежно го поттикнуваат христијанинот да Го бара преку молитва и читање на Евангелието. А следниот чекор не може да биде ништо друго, туку навестување, бидејќи – како што пишува Светиот Отец – чувствува потреба да се почитува и подобро да се запознае. Да се навестува, значи да се биде мисионер, на браќата да им се донесува Исус, неговите поуки и дела. Христијанинот напредува, дозволува преобразување кај учениците и навестува. Поради тоа не останува неподвижен, туку излегува од себе, за да го прошири во светот Словото Господово – истакна Светиот Отец.

На крајот од писмото до верниците од епархијата Концепцион, Папата ги довери на Богордоица, како и таа, и христијаните да излезат од себе и да поклонуваат и навестуваат. Бидете немирни, бидејќи вреди да се живее Исусовата љубов – пишува на крајот Папата.







All the contents on this site are copyrighted ©.