2013-08-15 14:26:05

Папата на Ангел Господов во Кастел Гандолфо: Да молиме сите жени да ја живеат полнината на својот повик


Драги браќа и сестри, на крајот од ова славење да се обратиме до Дева Марија преку молитвата Ангел Господов. Патот на Марија кон небото започна со нејзиното изговарање на зборот „Да“ во Назарет, како одговор на небесниот гласник, кој и ја навести Божјата волја за неа. И всушност тоа е така: секое „Да“ кое ќему го кажеме на Бог е чекор кон небото, кон вечниот живот. Бидејќи ова го сака Господ: сите негови деца да имаат живот во изобилство! Бог сите ни посакува покрај себе, во својот дом!

За жал од Египет пристигнуваат тажни вести. Сакам да ја загарантирам мојата молитва за жртвите и членовите на нивните семјства, за ранетите и за сите оние кои страдаат. Заедно да молиме за мир, дијалог и помирување во таа сакана земја и за целиот свет. Маријо, Царице на мирот, моли за нас, сите да кажеме: Маријо, Царице на мирот, моли за нас.

Сакам да потсетам на 25 годишнината од апостолското писмо Mulieris dignitatem од блажениот папа Иван Павле II за достоинството и повикот на жената. Тој документ е богат со поттикнувања кои заслужуваат да им се повратиме и да ги продлабочиме; а во позадина на сето тоа е ликот на Марија, имено тоа писмо излезе во Годината на Марија. Да ја повториме и ние молитвата која се наоѓа на крајот од тоа апостолско писмо (сп. бр. 31): да, размислувајќи за библиското таинство на жената, концентрирано на Марија. Да молиме сите жени да се пронајдат во неа и да можат да ја живеат полнината на својот повик.

Им благодарам на сите присутни, жителите на Кастел Гандолфо и поклониците, на посебен начин ги поздравувам поклониците од Гвинеја на чело со нивниот епископ. Срдечно ги поздравувам учениците на заводот „Михеал Хам“ од Винцент Лопез во Аргентина, како и младите музичари од заводот Хозе де Јесус Робеледо од мексиканскиот град Коатепека.

Сега сите заедно да се помолиме на Богородица...

На сите ви посакувам пријатно празнување на денешниот Богородичен ден; имајте убав празник и добар апетит.







All the contents on this site are copyrighted ©.