2013-08-10 12:30:14

Папата Фрањо упати писмо до Колумбовите витези


Според Ватиканскиот весник Л' Осерваторе Романо, папата Фрањо упати до Колумбовите витези писмо преку својот Државен скеретар кардинал Бертоне по повод конвенцијата на членовите на оваа католичка добротворна организација, која се одржува во Сан Антонио, Тексас. Во писмото пишува и за некои податоци за проектите остварени од страна на оваа организација. Светиот Отец им се заблагодари и ги поттикнува да продолжат со нивното дело на великодушност кон оние во потреба. Интересен е податокот дека Колумбовите витези посебно се залагаат за верска слобода низ целиот свет. Истовремено интересен е и податокот дека оваа организација има 1,8 милиони членови. Тие имаат вкупно изработено седумдесет милиони работни часови како волонтери при различна помош на најсиромашните.







All the contents on this site are copyrighted ©.