2013-08-10 12:26:09

Папата ги посети Ватиканските работилници


Претпладнето во петок 9 август Светиот Отец ги изненади вработените во индустриската зона во Ватикан. Папата Фрањо посебно се поздрави со вработените во столаријата и ватиканската електрана, како и со водоинсталатерите, кои беа пресреќни од пријатното изненадување. Тие не можеа да им веруваат на своите очи кога го видоа автомобилот на Папата. Не е возможно?: Сепак тоа беше Светиот Отец. Исто така и папата Фрањо беше пресреќен што имаше време да не посети. Со нас се задржа околу пет минути, бидејќи мораше да посети повеќе места. Едноставно не праша како ни оди работата, изјави еден од вработените.







All the contents on this site are copyrighted ©.