2013-08-09 11:04:37

Папата ги повика Аргентинците на солидарност


Папата Фрањо упати порака до верниците во Аргентина, поздравувајќи ги сите оние кои ќе учествуваат во националниот ден за собирање на доброволни прилози "Más por Menos", кој ќе се одржи на 8 септември. Мотото на оваа иницијатива оваа година гласи: „Се надевам на твојата помош". Во пораката потпишана од Ватиканскиот државен секретар кардинал Тарчизио Бертоне, Папата ги охрабрува сите да „направат христијанско дело, инспирирани од верата во Бог, кој целосно се дарува за сите нас". По повод иницијативата, Папата ги повикува сите Аргентинци „ повеќе да се идентификуваат со Христос, негувајќи го пријателство со Него преку молитвата и светите Тајни, за да добијат сила, како би можеле да им служат на оние во потреба, а посебно на најсиромашните". Минатата година се собраа 2,9 милиони долари, кои беа употребени за финансирање на проекти и иницијативи во најсиромашните епархии во Аргентина.








All the contents on this site are copyrighted ©.