2013-08-08 11:06:43

Светиот Отец се помоли на грбот на папата Павле VI


На 6 август попладне папата Фрањо се помоли во ватиканската крипта на гробот на папата Павле VI, по повод 35 години од неговата смрт. Потоа на плоштадот пред религиозниот дом Света Марта, Светиот Отец се сретна со група млади од епархијата Бреша, Италија, предводени од отец Алесандро Тучинарди одговорен за духовниот живот и звањата во епархијата Бреша. Младите дојдоа во Рим, откако поминаа една недела пешачејќи по стапките на свети Фрањо, кој поминува низ областа Умбрија од север кон југ, во знак на сеќавање за годишнината од смртта на нивниот сограѓанин папата Павле VI.
Истиот ден во 17 часот епископот од Бергамо монсињор Франческо Бески отслужи света Литургија пред главниот олтар на базилика Свети Петар.








All the contents on this site are copyrighted ©.