2013-08-06 12:20:39

Папата Фрањо: Богородица ни помага да растеме во верата и да се стремиме кон повозвишеното


На 5 август Католичката црква го прославува празникот „ Снежна Богородица “ или денот на осветувањето на римската базилика Света Марија Велика (Santa Maria Maggiore ): една од најстарите цркви во чест на Богородица, изградена во средината на четвртиот век. Црквата е душа на многу Папи, од кои последниот е Папата Фрањо.
„Ќе ми изградиш една Црква, таму каде што утре ќе пронајдеш свеж снег“. Знакот, на кој традицијата ја препишува изградбата на Света Марија Велика, потекнува од ноќта на 4 август 358 година, и му претходи на чудесниот настан. Зборовите се на Богородица и се упатени истовремено во сонот кон папата Либериј и некој Џовани, благородник од античкиот град. Наутро Џовани оди кај Папата, за да му го раскаже сонот и малку потоа чудото: ридот Есквилин побелува од снегот. Имено врз снегот, според традицијата, Папата ги црта димензиите на Црквата, која е изградена од богатиот Џовани. Сегашниот храм, на кој денес сите се восхитуваат е изграден од папата Папа Сикст III, во 431 година врз урнатините на стариот, чија цел е да се овековечат зборовие од Соборот во Ефес, на кој Дева Марија е именувана Богородица. Низ вековите, базиликата, трета што е дефинирана како „папска“ беше проширена и украсена од уметноста на познати мајстори. Од нејзината изградбата, па до денес, нема Папа, кој не оставил тука знак на својата побожност кон Богородица. Папата Фрањо не направи исклучок. Само еден ден по неговиот избор за Папа тој дојде да се помоли во базиликата Света Марија Велика, а истото го направи и по враќањето од Светскиот ден на млади во Рио. Во оваа базилика папата Фрањо на 4 мај ја предводеше Светата Бројаница во месецот посветен на Пресвета Богородица, кога со присутните подели размислување за значењето на мајчинството:
„Мајката се грижи за своите деца, за да растат силни и одговорни. Во евангелието според Лука читаме дека во семејството од Назарет, Исус „растеше и јакнеше во дух, исполнувајќи се со мудрост, и Божјата благодат беше на Него. “(Лука 2, 40). Токму тоа го прави и со нас Дева Марија: ни помага да растеме како луѓе и во верата, да бидеме силни и да не подлегнуваме на искушението да бидеме површни луѓе и христијани, туку да живееме одговорно и да се стремиме кон повозвишеното“. (Бројаница во Света Марија Велика, 4 мај 2013)
Во познатата капела Свети Павле во базиликата, има една света и чудотворна икона, душата на Вечниот град, Богородица, Здравје на римскиот народ (Salus Populi Romani), кон која и папата Фрањо ја покажа својата длабока побожност:
„Salus Populi Romane“ е мајката, која ни го подарува здравје во нашето напредување во надминувањето на проблемите и не прави слободни за конечните одлуки во нашиот живот; таа е мајката, која нѐ учи да бидеме плодоносни, да бидеме отворени за живот, носејќи добро, радост и надеж, дарувајќи им на ближните физички и духовен живот“. (Бројаница во Света Марија Велика, 4 мај 2013) (В.Н)








All the contents on this site are copyrighted ©.