Папата упати порака до муслиманите по повод завршувањето на Рамазан
Христијаните и муслиманите се повикани взамено да ја почитуваат религијата на другиот,
нејзината наука, симболи и вредности, воспитувајќи ги младите во таа смисла – пишува
папата Фрањо до муслиманите во пораката по повод завршувањето на Рамазан, месец на
молитва и пост за муслиманите. За разлика од минатото, Папата лично ја потпиша пораката.
Обраќајки
се на сите муслимани, честитајќи го завршувањето на Рамазан, Папата се концентрира
во пораката на тема: Поттикнување на взаемно почитување преку воспитување“ тврдејќи
дека почитувањето е хумано однесување, кое го цениме, а взаемното, односно реципрочното,
означува дека почитувањето не е еднонасочно, туку ја обврзува и едната и другата страна.
Осврнувајќи
се на општествената и семејната реалност, две димензии кои се многу важни за муслиманите,
Папата ја истакнува сличноста на исламското сфаќање со „христијанската вера и пракса“
– односно повикани сме да ја почитуваме секоја личност, најпрво нејзиниот живот, физичката
неповредливост, нејзиното достоинство и права кои произлегуваат од неа, добриот глас,
имот, етнички и културен идентитет, идеи и политички определувања.“ Со други зборови,
додаде Светиот Отец „повикани сме со почит да мислиме, говориме и пишуваме за другиот,
не само во негова присутност, туку секогаш и насекаде, избегнувајќи неоправдани критики
или клевети“. Од тука, голема е одговорноста на семејствата, училиштата, верската
поука и средствата за информирање – истакна Светиот Отец.
Применувајќи го началото
за взаемно почитување во меѓурелигиските односи, посебно меѓу христијаните и муслиманите,
папата Фрањо пишува: „Повикани сме да ја почитуваме религијата на другиот, нејзината
наука, симболи и вредности“ и да се искаже „посебно почитување на верските поглавари
и местата за молитва“.
Осврнувајќи се на воспитувањето на младите, Папата јасно
вели: „Мораме да ги воспитуваме младите да мислат и говорат со почит кон другите религии
и нивните следбеници, избегнувајќи исмејување и навредување на нивните уверувања и
пракса. Сите знаеме дека взаемното почитување е основно за секој човечки однос, посебно
за луѓето кои исповедуваат некоја вера. Единствено така може да растеме искрено и
во долготрајно пријателство„ – нагласи Светиот Отец.