2013-08-03 16:01:52

За време на Светскиот ден на млади поделени се 1,5 милиони примероци од Youcat


За време на Светскиот ден на млади во Рио де Жанеиро на младите е поделени се 1,5 милиони примероци Катехизам за млади (Youcat – Youth Catechism), изјави австрискиот архиепископ, кардинал Кристоф Шенборн. Youcat е издаден во 2011 година по повод Светскиот ден на млади во Мадрид, а го создадоа педесетина млади под водство на кардиналот Шенборн. Тој најголем христијански проект во светот го покренаа австриските епископи и е преведен на многу јазици, вклучувајќи апрапски. Предговорот на Катехизмот го напиша папата Бенедикт XVI препорачувајќи го на сите млади католици како нужно средство за запознавање на сопствената вера. Напишан е на јазикот на младите: низ прашања и одговори, содржи толкувања, слики, дефиниции, цитати од Светото Писмо. Непрестано носи плодови, а рекордот од милион подлени примероци за време на Светскиот ден на млади во Мадрид е надминат на Светскиот ден во Рио - повеќе од 1,5 милиони. За сето тоа треба да се заблагодариме на почесниот папа Бенедикт XVI кој веруваше во проектот и на великодушната парична поддршка Папската фондација Помош за Црквата во неволј, истакна австрискиот архиепископ, пренесува Радио Ватикан. Исто како Катехизмот на Католичката Црква објавен 1992 година и Компендиумот објавен 2005 година, и Youcat е вистинско чудо, со кој се остварува сонот на блажениот Иван Павле II младите да ги евангелизираат младите; на крај Youcat е вистински благослов, заклучи крадиналот Шенборн.








All the contents on this site are copyrighted ©.