2013-08-02 11:44:01

Молитвена накана на Папата за месец август


Молитвената наканата на Папата за месец август е упатена кон формирање на совеста на децата, а мисонерската накана е концентрирана на одговорноста на локалните цркви на африканскиот континент во изградба на мир и правда. Молитвената наканата на Папата за месец август е упатена кон формирање на совеста на децата, а мисонерската накана е концентрирана на одговорноста на локалните цркви на африканскиот континент во изградба на мир и правда.

На празникот на свети Игнациј Лојолски, 31 јули во Рим папата Фрањо славеше света Литургија во заедништво со повеќе од 200 Исусовци. На светата Литургија учествуваа и членови на заедниците на христијански живот, кој се продолжение на некогашните Маријански конгрегации, а присутни беа и членови на Апостолатот на молитва. Тој апостолат е проширен по цел свет, а изникна токму од духовноста на Исусовците. Додека евангелизаторите се занимаваат со ширење на евангелието и утврдување на верниците во верата Христова, како и делење на Светите Тајни, останатите христијани носат исто така одговорност, молејќи се за нив. Апостолатот на молитва всушност е вклучување на сите во спасението на светот.









All the contents on this site are copyrighted ©.