2013-08-02 11:42:37

Големо поклонение на семејствата во Ватикан за крај на Година на верата


Со поклонение на гробот на свети Петар на крајот од Година на верата ќе се нагласи важноста на семејството и неговата основна улога во христијанскиот живот.
Поклонението се планира да се одржи во сабота и недела 26 и 27 октомври 2013 година, во организација на Папскиот совет за лаици, кој сака да ја нагласи клучната улога на семејството во пренесување на верата кај младите генерации.
„Мислам дека ова е прекрасен начин да се затвори Година на верата. Ова поклонение ќе истакне дека семејството е прво и основно место за пренесување на верата во новиот милениум. Семејството е опкружување во кое се живее верата, се пренесува и сведочи“, истакна монсињор Карлос Симон Васкез.
Светскиот ден на семејства во Милано, минатата година, собра околу еден милион поклоници. Петдневната прослава ја предводеше папата Бенедикт XVI.
Овој пат поклониците ќе се соберат во сабота помеѓу римскиот плоштад Пијаза дел Пополо (Piazza del Popolo) и плоштадот Свети Петар. Таму папата Фрањо ќе им се придружи на поклониците, а следниот ден на плоштадот Свети Петар ќе се слави света Литургија.
„Многу сме среќни што Папата со својата присутност и говор ќе ја охрабри и засили верата во тие семејства“, рече монсињор Васкез.
Поклонението на смејствата ќе биде исто така пропратено и со други настани, како цртање, фотографирање и изведба на песни за деца и млади.
Своето учеството поклониците можат да го пријават најкасно до 30 септември по електронски пат.








All the contents on this site are copyrighted ©.