2013-07-31 12:38:08

Полска се радува за Светскиот ден на млади во Краков 2016


Младите од Полска со големо воодушевување и долг аплауз ја поздравија одлуката на папата Фрањо следниот Светски ден на млади да се одржи 2016 година во Краков. Кардинал Џивиш, кој беше присутен на светата Литургија го изрази своето задоволство. Долго чекавме на овој час. Голема е радоста не само кај младите во Полска, туку и кај сите млади овде присутни во Рио. Сигурен сум дека во Краков е огромна радоста, бидејќи сите сакаат уште подлабоко да бидат допрени од љубовта Христова. Ова е дар на Црквата и благодарност кон Христос. Одлуката е израз на благодарност кон Бог за скорото прогласување на блажениот Иван Павле II, рече кардинал Џивиш.









All the contents on this site are copyrighted ©.