2013-07-31 12:35:58

Папата упати телеграма со сочувтсво за жртвите од автобуската несреќа во Италија


Во понеделник, 29 јули во спортската палата во Поцоли, недалеку од Наполи се одржа погребниот обред за 38 жртви од автобуската несреќа од минатата недела, кога автобус излета од патот Наполи – Бари. Светата задушна Литургија ја предводеше месниот епископ Џенаро Паскарела, а присутни беа и претставници на цивилната власт. Светиот Отец на роднините на загинатите им изрази сочувство.

Повеќе од четири илјади лица во спортската палата, исполнети со тага и болка, дојдоа за последнен пат да се поздрават со роднините, пријателите, и децата загинати во трагичната сообраќајна несреќа. Папата својата болка и сочувство ја изрази во телеграмата, „ветувајќи молитва за душите“ на загинатите, а за повредените „посака скоро оздравување“ и упати „посебен благослов“ до сите кои ги оплакуваат своите сакани. Бог нека им даде утеха – рече епископот Џенаро Паскарела - нека им ги олесни нивните страдања и нека ја зацврсти нивната надеж. Да се молиме за повредените – додаде – Господ нека не дозволи да се придружат и други имиња на ужасниот список.

Должност на истражните органи е да се утврди причината за несреќата, а на останатите е да се пронајдат средства да не случуваат вакви сообраќајни несреќи. Мораме да бидеме солидарни не само во овој момент, туку и кога ќе се отргне вниманието од оваа ужасна трагедија. Цивилните и црковните установи нека не ги заборават овие наши браќа, посебно оние кои останаа без подршка, па и економска – заврши епископот Паскарела.








All the contents on this site are copyrighted ©.