2013-07-26 12:00:44

Папата Фрањо до младите: Ставете го Христос во центарот на вашиот живот


„Свети Оче, добредојдовте на 28 Светски ден на млади“ Со овие зборови го поздравија Папата пет млади претставници од пет континенти на познатата плажа Копакабана во Рио де Жанеиро. Во четврток 25 јули вечерта (локално време) папата Фрањо прв пат се сретна со учесниците на овогодинешниот Светски ден на млади.

Поздравната церемонија на Копакабана беше преплавена со млади поклоници од целиот свет и според проценките на организаторот на познатата плажа се собраа над 1 милион млади и покрај ладното време и силниот дожд. Папата Фрањо ги повика младите да го стават Христос во ценатрот на нивиот живот, да ја обноват верата и да го направат Исус да им биде „компас“ во нивниот живот. „Оваа недела Рио е центарот на Црквата, живо и младо срце на Црвката“, рече Папата. Верникот треба да има доверба во Христос, а не во самиот себе или пак во материјалните нешта, нагласи папата Фрањо на неговата прва средба со учесниците на Светскиот ден на млади.

Неколку часа пред тоа над 1 милион млади од целиот свет се собраа на плажата. Еден час папата Фрањо обиколуваше со отворениот џип низ масата млади верници, а сето тоа беше пропратено со песни, молитви и сценски изведби. Папата Фрањао се поздравуваше со младите и беше пречекан со долг аплауз.

„Ние сме во искушене да се ставаме самите во центарот, веруваме дека во градењето на нашиот живот се зависи од нас, истакна папата Фрањо. Многумина веруваат дека поседувањето, парите или пак власта можат да не направат среќни. Но не е така! Секако дека поседувањето, парите или власта можат да понудат „момент на опиеност, илузија дека сме среќни. Но на крајот сепак се само работи кои нас не поседуваат и не присилуваат уште повеќе да сакаме, никогаш да немаме доволно.“ Сепак верата се грижи за пресврт во човечкиот живот, за револуција, која може да се нарече „коперниканска“, истакна папата Фрањо. „Верата не отстранува од центарот и повторно го поставува Бог во центарот.“ Таквата вера на човекот му дава сигурност, сила и надеж. Надворешно не се менува ништо, нагласи Папата – но во внатрешноста на човекот донесува мир, нежност, срдечност, храброст, ведрина и радост.

Папата Фрањо се заблагодари на неговиот претходник Бенедикт XVI за овој Светски ден на млади во Рио. Тој ги следи настаните преку телевизија, откри папата Фрањо.
Учесниците не се само географски оддалечени, туку и преку нивните животни, културни, социјални услови. Според зборовите на папата Фрањо, тој дојде во Рио за да ги охрабри во верата младите верници – но исто така преку воодушевување на младите за верата и самиот да се зајкане.

На почетокот Папата потсети на автобуската сообраќајна несреќа во Француска Гвинеја, при што загина една млада француска поклоничка на нејзиниот пат за Рио. Тој повика во тишина на молитва за неа.








All the contents on this site are copyrighted ©.