2013-07-25 19:34:47

Папата упати телеграма со сочувство по повод железничката несреќа во Шпанија


Папата Фрањо во четврток 25 јули, упати телеграма со сочувство до архиепископот од Сантијаго де Компостела, Јулијан Бариј по повод железничката несреќа која се случи на 24 јули, при што 78 лица ги загубија животите, а повеќе од 140 се поврдени.

„Длабоко ожалостен поради тешката железничка несреќа која се случи во близна на Сантијаго де Компостела, која однесе бројни жртви и во која настрадаа многумина, упатувам силна молитва до Бог за загинатите и поврдените од тој трагичен настан. Со длабока болка во срцето ве молам, Превозвишени, да ја пренесете мојата духовна близина, љубов и искрена солидраност со настраданите во таа трагедија и нивните семејства. Ја ветувам својата молитва за вечен покој на душите на загинатите, како и за настраданите во нивната болка и патење, во надеж за нивно брзо потполно оздравување. На денот кога Црквата се доверува на застапништвото на свети Јаков, небесниот заштитник на Шпанија и сведок на Воскреснатиот Христос, сакам да ја изразам својата подршка кон сите благодордни синови на таа земја и од срце им го доделува својот апостолски благослов“ се вели во телеграмата, јавува Ватиканската информативна служба.

Големата железничка несреќа во Шпанија се случи кога брз воз излезе од шините, три километри пред да влезе на железничката станица во шпанскиот град Сантијаго де Компостела, познато христијанско светилиште.







All the contents on this site are copyrighted ©.