2013-07-16 12:48:01

Папата Фрањо за Крстот: Крстот е Исусовото правило


Кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене, со овие зборови Исус ги поучува своите учениците, а к ни ги пренесува Евангелието според, читање наменето за денешниот литургиски ден. Овие зборови, потсетуваат на бројните моменти кога папата Фрањо силно ја истакнува важноста на Крстот за секој христијанин. Така, еднаш потенцираше дека христијанство без крст е христијанство на половина пат.

Црква како марионета сместена во стаклени кугли, естетски убава, но лажна и затворена како топла и мирна чаура во која може да с енапредува без големи проблеми. Ако постои слика за Црквата, која папата Фрањо започна да ја менува од својот прв момент на понтификат, тогаш е токму ова: салон во кој се развива христијанска „култура“ чиста и зафатена, и без ранина рацете од љубовта на оние кои говорат дека и припаѓаат на неа и без земја од Голгота под ноктите. Бидејќи, ако кажеме Црква, повеќе пати повтори Папата, велиме Крст, односноја гледаме голата реалност на моментот кога се станало, без лицемерие на одредени ловори.

Триумфализмот во Црквата ја запира Црквата. Триумфализмот кај христијаните ги запира христијаните, истакна папата Фрањо во проповедта на литургијата на 29 мај. Триумфалистичката Црква е Црква на половина пат (...), истакна Светиот Отец и додаде: „Но тоа е Црква што ги негира мачениците, бидејќи не знае дека мачениците во Црквата се потребни за патот на Крстот. Црквата што мисли само на победи, успеси, Црква не го познава Исусовото правило: правилото на победа по патот на неуспехот, човечкиот пораз, пораз на Крстот. Тоа е искушение што го имаме сите“, истакна Светиот Отец.

Тоа е заедничко искушение што се развива во различни форми, според животната состојба на некој христијанин, но на крајот се претворува во само еден поттик, односно настојување да се избегне. Така папата Фрањо во првите четири месеци од својот понтификат ја анализираше Црквата во секој ред и степен, со цел, во длабочината, во ткивото на верата кај сите верници, да ја внесе вистината што извира од Христовата жртва. На епископите, спомнувајќи се на зборовите на папата Бенедикт XVI, папата Фрањо им рече:

Вие сте кнезови, но на Распнатиот Цар. Тоа е Исусовиот престол, рече Папата и запраша: „Зошто Исус го зема Крстот? Затоа што го зема врз себе злото, нечистотијата, гревовите на светот, па и нашите гревови, од сите нас, и ги мие со својата крв, со милосрдието, со Божјата љубов...“. Тоа е она добро, кое Исус го прави за нас на престолот на Крстот. Христовиот Крст прегрнат со љубов никогаш не доведува до жалост, туку до радост бидејќи сме спасени и што носиме барем малку од она што Тој направи на денот на својата смрт, истакна Светиот Отец на Цветници.

Тоа е вечниот парадокс на Крстот, кој го прегрнува великодушно, најголемата болка кај него раѓа спротивен плод, радост. Пасторалната плодност, плодноста од навестувањето на Евангелието не доаѓа од успехот, ниту од неуспехот сфатен според човечките мерила, туку од прилагодувањето на логиката на Исусовиот Крст, логика која е излегување од самиот себе и самиот да се даруваш, односно од логиката на љубовта, истакна Папата на литургијата со семинаристите, монашките кандидати и кандидатки и додаде: „Крстот е секогаш Крст со Исус, оној што ја гарантира плодноста на нашето послание.

И како катехист, секој ден со исто инсистирање, папата Фрањо, на сите, мажи и жени, им го толкува тоа што Црквата и светците го навестуваат и сведочат веќе две илијади години, а тоа е дека Христовиот Крст е дрво кое зборува за љубовта, милосрдието и простувањето. Бог ни суди, љубејќи ни. Ако ја прифатам неговата љубов, јас сум спасен, ако ја одбијам, јас сум осуден, но не од Него, туку од себе самиот, бидејќи Бог не осудува, Тој само сака и спасува..., истакна Светиот Отец за време на Крстниот пат на Колосеумот, на Велики Петок. Притоа додаде дека зборот Крст, исто така, е одговор на христијанинот на злото кое и понатаму делува меѓу нас и околу нас.

На Цветници, пак, Папата се обрати до младите кои се упориште на идната Црква, а кои за нколку дена ќе се соберат на Светскиот ден на млади во Рио, папата своите мисли ги довери за Крстот, а најмногу за Бог кој благоволи да биде распнат на него. Тој е Крал што љуби сѐ до Крстот и што нѐ учи да служиме, да сакаме. И вие не плашете се од Неговиот Крст! Напротив, прегрнете го, бидејќи разбравте дека ако се дарувате, ако излезте од самите себе, се доаѓа до вистинската радост, и дека со Божја љубов Тој го победи злото. Вие носете го поклоненичкиот Крст по сите континенти и патишта во светот! Носете го, одговарајќи на Исусовиот повик „Одете и направете ги сите народи мои ученици“, што е и тема на овогодишниот Светски Ден на младите, потсети Папата.








All the contents on this site are copyrighted ©.