Папата Фрањо: Пренесета ја радоста на утеха, крстoт и молитвата
„Вие семинаристи, искушеници, млади луѓе, на патот за духовен повик. Вие ја претставувате
младоста на Црквата. Посланието започнува со Божјот повик, Тој нас нѐ повикува да
излеземе надвор и да живееме пренесувајќи ја радоста на утеха, крстoт и молитвата,
рече папата Фрањо на Литургијата во Ватиканската базилика по повод Денот на богословите,
искушениците, искушеничките и останатите кои се подготвваат за духовен повик, а кои
се собрале од сите краеви на земјата.
„Секој христијанин е повикан да биде
носител на утеха која донесува помирување и радост. Ако самите почуствуваме дека Тој
нас нѐ утешува и нѐ сака, тогаш таа радост можеме да ја пренесеме и на другите. Тоа
е важно за да даде посланието резултати: да ја почуствувате Божјата утеха, да можете
да ја пренесете на другите. На луѓето денес и се потребни зборови, но уште повеќе
и сме и потребни ние како сведоци на Божјото милосрдие и нежност која го грее срцето,
дава надеж и ги привлекува луѓето кон доброто. Тајната на Воскресението е срце
кое чука за посланието на Црквата. Тоа нѐ чува од разочарување, предизвици и пропусти.
И затоа крстот означува исполнување на нашето послание. Молитвата исто така е многу
важна бидејќи Црквата, како што често ни говореше Бенедикт XVI не е наша туку Божја.
И затоа суштината на посланието е во благодата. Евангелизацијата се прави на колена,
ми рече еден од вас. Бидете секогаш жени и мажи на молитва бидејќи без постојана врска
со Бог, посланието станува работа. Ако го погледнеме Исус, ќе видиме дека пред секоја
одлука или настан застанува во длабока молитва. Затоа е важно да се најде време за
размислување. И што повеќе посланието вас ве води до работ, нека вашето срце биде
поврзано со Христовото срце и во тоа е тајната на успехот на Господовите ученици“,
рече Папата во проповедта.
Пред еден ден околу шест илјади богослови и искушеници
се сретнаа со Папата Фрањо во салата Павле VI. Таму Светиот Отец им порача да ја задржат
свежината и радоста, велејќи им: Нема светост во тага“.
Ги повика да не гледаат
на културата на минливи вредности и да ја избегнат замката на поседување на најновиот
смартфон и скапи автомобили, за да можат сѐ повеќе да се посветат на сиромашните.
„Сите
денес сме жртви на минливоста бидејќи во денешно време и во вашата доба е тешко конечно
да се избере“, рече Папата забележувајќи кога тој бил млад било полесно бидејќи културата
нудела дефинитивни избори било граѓански или посветен живот. „Но, денес не е лесно
дефинитивно да се одлучиш бидејќи станавме жртви на култура на минливости“, рече Папата
и додаде дека се премногу сериозни и премногу тажни затоа што им недостига Божјата
радост.
„Да станеш свештеник или посветена личност не е наша одлука, тоа е
одговор на повик, повик на љубов. Ако наидете на семинарист, свештеник или чесна со
тажно лице ќе ви се причини дека некој нивниот живот го покрил со мокро ќебе и можете
да си помислите - па нека одат. Срцето ме боли кога ќе видам свештеник или чесна сестра
во најнов автомобил. Автомобилот е неопходен, но може да се избере и некој поскромен.
Замислете колку деца се гладни и пратете им ги тие пари“, рече Папата и им порача
на младите нивното послание мора да биде вистинско и да лежи на четири столбови: духовна
формација, интелектуална формација, апостолски живот и живот во заедница.
На
крај им укажа на примерот на блажена Мајка Тереза која им помагала на сиромасите во
Калкутата во Индија порачувајќи им: „Сакам Црква со повеќе посланија, не вака мирна
Црква туку прекрасна Црква која оди напред!“