2013-07-08 11:26:54

За одржлив развој не е потребна само технологијата туку и етика и морал


Етички одговорно треба да се користи технологијата како би се развила вистинска солидарност во корист на најсиромашните земји, изјави во четврток, 4 јули, монсињор Силвано Марија Томаси, постојан набљудувач на Светата Столица при Обединетите Нации во Женева на собирот од највисок ранг за тема “Наука, технологија, иновации и културални можности во промовирањето на одржлив развој”. Во тој поглед монсињор Томаси истакна дека е погрешно сфаќањето дека развојот е само прашање од техничка природа, туку развојот е првично насочен кон општото добро согласно моралните принципи при што треба да бидат опфатени техничките, научните и културалните установи, исто како и финансиските.








All the contents on this site are copyrighted ©.