2013-06-29 16:51:12

Ангел Господов: Верата на апостолите Петар и Павле


Во традиционалниот говор на молитвата Ангел Господов по повод заштитиниците на Рим светите Петар и Павле во сабота 29 јуни, папата Фрањо нагласи, дека овој празник не е само празник за Римската Црква, туку и на универзалната Црква, на целиот народ Божји кој на врховните апостолите има го должи дарот на верата.

Петар е првиот кој исповеда дека Исус е Месија, Син на живиот Бог. Павле го „подготви навестувањето во грчко - римскиот свет“. Промислата посака, и двајцата да ја пролеат својата крв во Рим. Поради оваа причина „Црквата во Рим веднаш и спонтано стана центар за поврзување на Црквите во светот. Не со царска сила, туку преку силата на мачеништвото, сведоштвото за Христос! Основата е секогаш и само љуботва Христова, која произлегува од верата за да напредува Црквата.

Папата потсети на Петар и неговото сведоштво за верата во Исус. Тој беше освоен од благодатта, која извира од Исус, од „љубовта која ја чувствуваше во неговото Слово и ја гледаше во неговите дела: Исус е Љубовта Божја!“

Истото се случува и со Павле, иако на поиканков начин. Воскреснатиот го преобрази животот на поранешниот непријател на христијаните. Така тој сфати дека Христос не е мртов, туку дека живее, и дека го љуби, и покрај тоа што беше негов непријател. Тоа е искуство на милосрдието, на простувањето Божјо преку Исус Христос: „Тоа е Радосната вест, Евангелието, кое што Петар и Павле самите го искусија и поради што ги дадоа своите животи.“

Папата Фрањо ја истакна радоста на верата во едниот Бог, кој е потполна Љубов, потполна Благодат. Таква вера „Петар и Павле примија од Христос и ја пренесоа на Црквата. Да го славиме Бог за овие славни сведоци и да дозолиме на Христос, да бидеме освоени од него, како што беа освоени двајцата апостоли.

Исто така и Андреј, братот на Петар го сподели искуството со Христос, кој го сретна пред Симон. Папата ја поздрави делегацијата испратена од екуменскиот патријарх од Цариград, чиј што заштитиник е Апостол Андреј: „Сите заедно да испратиме срдечен поздрав до патријархот Вартоломеј I и да молиме за него и неговата Црква.“ Потоа папата Фрањо заедно со присутните верници на плоштадот Свети Петар измоли „Радувај се Маријо“ за патријархот Вартоломеј I.

Светиот Отец се помоли и за митрополитите од различните делови на светот, кои за време на свечената света Литургија во базиликата Свети Петар од папата Фрањо добија палиум, „симбол на заедништвото“.








All the contents on this site are copyrighted ©.