2013-06-28 14:56:27

Папата Фрањо: Господ од нас бара да бидеме стрпливи и беспрекорни, секогаш одејќи по Неговиот пат


Господ од нас бара да бидеме стрпливи и беспрекорни, секогаш одејќи по Неговиот пат, е главната мисла од проповедта за време на светата Литургија во петок 28 јуни, која папата Фрањо ја служеше во капелата на домот света Марта. Папата истакна дека Господ секогаш сам го одбира начинот преку кој ќе влезе во нашиот живот, затоа од нас се бара да бидеме стрпливи, бидејќи секогаш не ни се дава да гледаме и сфатиме. На светата Литургија присуствуваа вработени во Дирекцијата за здравје и хигиена.

Господ полека влегува во животот на Авраам: тој имаше веќе 99 години кога Господ му вети син. Но во животот на лепрозниот, кој го моли за оздравување, Господ влегува веднаш: Исус ја слуша неговата молитва, го допира и се случува чудо. Папата Фрањо говореше за денешното прво читање (1 Мојсеева 17,1.9-10.15-22) и Евангелието (Матеј 8,1-4) покажувајќи како Господ влегува во „нашиот живот, во животот на својот народ“. Авраам и лепрозниот се две различни приказни, бидејќи кога Господ влегува во човечкиот живот, тоа не го прави секогаш на ист начин. „Не постои единствен Божји протокол на делување во нашиот живот. Не постои. Еднаш тоа Господ ќе го направи на единствен начин, следниот пат поинаку“, но секогаш ќе дојде. „Секогаш доаѓа до средба меѓу нас и Господ“, рече папата Фрањо.

Господ секогаш одбира свој начин за влез во нашиот живот. Често тоа го прави многу споро, така што нашата стрпливост е во искушение: „Кога Господи? И молиме, молиме... а тој не реагира во нашиот живот. Кон тоа, Божјите ветувања се многу големи – па дури стануваме и без доверба, помалку скептични, и како Авраам потајно се смееме.... Првото читање вели дека Авраам го сокрива своето лице, смеејќи се и тоа со сомневање: „Како може на човек од сто години да му се роди син? Зарем Сара во деведесетте години ќе роди?“

Истото неверие ќе го покаже и Сара, кај дабот во Мамре, кога трите гости, трите ангели, пак му го кажаа истото на Авраам. Колку често стануваме нестрпливи и скептични кога Господ не доаѓа, не прави чудо, и не го прави она што ние сакаме да ни го направи“, рече Светиот Отец.

Но не го прави тоа, на оние со сомнежи не може да им го направи тоа: „Господ си зема време. Но во Тој во односот со нас, покажува голема стрпливост. Не се бара стрпливост само од нас: Тој е стрплив! Тој нè чека! И нè чека до крајот на животот. Да се потсетиме на разбојникот, кој на крајот, на самиот крај го повика Бог. Господ оди со нас, и често пати не дозволува да се види, како во случајот со учениците на патот за Емаус. Господ е вклучен во нашиот живот – тоа е сигурно! – но ретко го гледаме. Тој однос од нас бара стрпливост. Но Господ кој оди со нас, тој има голема стрпливост со нас.“

Папата своите мисли ги упати токму кон таинството на Божјата стрпливост, таинство на стрпливиот Бог кој нè прати на нашиот животен пат. Понекогаш „работите стануваат мрачни, темнината обвива сè, до таа мерка поради потешкотиите сакаме да се симнеме од својот Крст. Точно, тој момент: најинтимен дел од ноќта, миг пред самото осамнување. И секогаш кога одбираме да слеземе од својот Крст – го правиме тоа пет минути пред ослободувањето, а во моментот на најголемата нестрпливост.“

„На Крстот Исус слуша како му довикуваат: Слези, слези! Дојди! Стрпливост до крај, бидејќи тој е стрплив со нас. Тој секогаш влегува во човечкиот живот, вклучувајќи го и нашиот живот, но Бог делува на свој начин и во свое време: кога мисли дека е најдобро. А на нас ни го говори она што му го кажуваше на Авраам: „Оди пред Мене и биде непорочен“, биде беспрекорен, тоа е вистинскиот збор. Оди во мојата присутност и труди се да бидеш беспрекорен. Тоа е пат со Господ и Тој делува на него, но мора да го чекаме тој момент, секогаш одејќи по Неговиот пат и трудејќи се да бидеме беспрекорни. Да молиме од Господ за таа благодат: секогаш да одиме по Неговите патишта, трудејќи се да бидеме беспрекорни.“










All the contents on this site are copyrighted ©.