Папата Фрањо до француските парламентарци: Политичарот треба да вдахнува душа на законите
Принципот на секуларниот карактер на државата не треба да ги исклучува религиите од
социјалната сфера и јавните дебати: тоа го изјави папата Фрањо пред француските парламентарци
од Групата за пријателство меѓу Франција и Светата Столица, кои ги прими на аудиенција
во Ватикан.
Средбата беше повод Папата да ја истакне заемната доверба меѓу
црковните претставници и народните избраници, како и да се потенцира улогата и одговорноста
на политика, која не само што треба да нуди закони, туку и „да ја вложи во нив својата
душа“.
„Принципот на секуларниот карактер на управување во односите меѓу француската
држава и различните верски конфесии не треба да значи непријателство кон религиозната
реалноста или исклучување на религиите од социјалната област и дебатите во неа“, истакна
папата Фрањо.
„Црквата сака да даде свој специфичен придонес за важни прашања
кои ја обликуваат целосниот поглед за човекот и неговото достоинство, како и за општеството
и неговата иднина - рече Папата Бергољо. Тој придонес не се состои само во антрополошките
и социјалните области, туку, исто така, и во политичката, економската и културната
сфера“.
Папата ја посочи и главната обврска на еден пратеник на народот: „да
придонесува за подобрување на животот на своите сограѓани“. Оваа обврска содржи техничка
и правна надлежност во подготовката или промената на законите, но не само тоа, додаде
Папата:
Потребно е исто така да вдахнува во нив душа, што не значи само одраз
на начините и идеите во одреден момент, туку законите да се здобијат со еден квалитет
што ја издигнува и облагородува човековата личност“.