2013-06-16 12:41:13

Папата го прими претседателот на Европската комисија Баросо


Кризата и нејзините големи последици за животот во семејствата и посебно младите, беше главната тема на разговорот на папата Фрањо со претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо, одржана во сабота 15 јуни во Ватикан.

Срдечниот разговор - се вели во соопштението од канцеларијата за печат при Светата Столица – овозможи корисна размена на мислења за меѓунардоната ситуација, со посебно внимание за европската интеграција, како и економската криза чиј големи последици се чувствуваат при вработувањето, посебно младите, а негатвино се одразуваат и на животот во семејствата.

Освен тоа – стои во соопштението – соговорниците се осврнаа на позитивниот допринес на Католичката црква која може да го даде за актуелната сосотојба со цел за материјална и духовна благосостојба на Европа. На крајот, посебно внимание е посветено за промовирање на човечките права, посебно верската слобода и заштита на христијанските малцинства во светот. По средбта со Папата, престедателот Баросо се задржа во разговор со државниот секретар на Ватикан, кардинал Тарчизио Бертоне и архиепископот Доминик Мамберти, секретар за односи со државите.







All the contents on this site are copyrighted ©.