Папата Фрањо се сретна со претседателот
на Италија Наполитано
Папата Фрањо во сабота 8 јуни, го
прими италијанскиот претседател Џорџо Наполитано, кој потоа, заедно со министерката
за надворешни работи Ема Бонино, се сретна со Државниот секретар на Ватикан, кардинал
Тарчизио Бертоно, а потоа и со секретарот за односи со државите, архиепископот Доменик Мамберти. Во соопштението
од Ватикансе
вели дека во разговорот меѓу Папата и претседателот Наполитано поминал во пријатна
атмосфера при што е изразено задоволство за постоечките добри односи меѓу Светата
Столица и Италија. Посебно се разговарало на теми кои се однесуваат за состојбата
во италијанското општество и придонесот на Католичката Црква во животот во земјата.
Исто така на средбата станало збор и за актуелните случувања во светот, како што езагрижувачки
зголемувањето на конфликтите на источниот Медитеран и нестабилноста на подрачјето
на северна Африка, кои ја отежнуваат состојбата на старите христијански заедници.
Двете страни ја потврдија волјата за продолжување на конструктивна соработка на билатерален
план, и во контекст на меѓународната заедница, посебно што се однесува на промоција
на верските слободи, истакнато е на крајот од соопштението на канцеларијата за односи
со јавноста при Светата Столица.