Во Рим одржана конференција за „Приговор на совеста помеѓу слободата и одговорноста“
Во Рим од 24 до 25 мај се одржа Деветата конфернеција на здружението „Наука и живот“
на тема „Приговор на совеста помеѓу слободата и одговорноста“. На него учествуваа
лекари и фармацевти кои се заземаат за заштита на секој човечки живот од зачнување
до природна смрта и согласно со Хипократовата заклетва која ја даваат, вистински да
му служат на секој живот, а не да бидат против него. Поврзано со ова стана збор и
за абортусот, но и експериментирањето со ембриони, а тоа значи експерименти со живи
човечки созданија, со кој се манипулира наводно за доброто на сите.
Не е мал
бројот на оние кои се противат на ова. Многумина поради верски убедувања, некои пак
поради идеолошки, а некои едноставно поради спознавањето дека човекот не е средство
за експериментирање или било какво уништување. Претседателката на здружението говореше
за Радио Ватикан и истакна дека денес за жал, посебно во лаицистичкиот начин на размислување
повеќе се посветува грижа за животните отколку за луѓето.Scienza e