2013-05-27 10:35:18

На молитвата Ангел Господов: Бог не е апстрактен!


Драги браќа и сестри,

Утринава за прв пат посетив една парохијата во Римската епархија. Поради тоа му благодарам на Господ и ве молам да се молите за мојата пасторална служба во Црквата, која има послание да претседава во љубовта со сите Цркви.

Денес е недела на Пресветата Троица. Светлото на воскресното време и Педесетница го обновува во нас секоја година верското воодушевување: признаваме дека Бог не е нешто нејасно, апстрактно, туку има едно име: Бог е љубов. И тоа не некоја сентиментална, емотивна љубов, туку љубов на Отецот кој е извор на секој живот, љубов на Синот кој умира на крстот и воскреснува во нов живот, љубов на Светиот Дух кој го обновува човекот и светот.

Пресветата Троица не е плод на човечко надмудрување, тоа е лицето со кое Бог се објавува, не од висина на некоја катедра, туку чекорејќи со човекот, во историјата на израелскиот народ и пред се во Исус од Назарет. Исус е Синот кој ни даде да го спознаеме мислордниот Отец и на земјата го донесе својот „оган“, Светиот Дух.

Денес го величаме Бог не поради некое одредено таинство, туку поради него самиот, поради неговата „бескрајна слава“, како што се вели во литургиската химна. Го величаме и фалиме, бидејќи е љубов и бидејќи не повикува да влеземе во прегратките на неговото заедништво, кој што е живот вечен.

Таа наша пофалба да ја довериме на Дева Марија. Таа, најпонизна од сите созданија, благодарејќи на Христос веќе дојде до целта од земското патување: таа веќе е во славата на Пресветата Троица. Поради тоа за нас блеска како знак на сигурна надеж и утеха и не следи на патот.

По завршувањето на молитвата Ангел Господов
Драги браќа и сестри,

Вчера во Палермо е прогласен за блажен дон Џузепе Пуглизи, свештеник и маченик, кој е убиен од мафијата во 1993 година. Дон Пуглизи беше примерен свештеник, кој на посебен начин се посвети на пасторал со младите. Воспитувајќи ги младите на евангелскиот живот, ги одвраќаше од лошиот начин на жвиот и затоа мафијата се обиде да го победи, убивајќи го. Но тој излезе победник со Воскреснатиот Христос. Да го величиме Бог поради неговиот светло сведоштво и да се огледаме на неговиот пример.








All the contents on this site are copyrighted ©.