2013-05-24 11:33:06

Папата го потврди кардинал Валини за Генерален викар на Римската епархија


Папата Фрањо го потврди во службата кардинал Агостино Валини за Генерален викар на римската епархија, се дознава од писмото напишано на латински, кое е објавено во четврток 23 мај во Ватикан.
Кардиналот Валини ја управува епархијата на главниот град од 2008 година со декрет на тогашниот папа Бенедикт XVI. Тој е првиот епископ односно кардинал во склоп на Римската курија, чија служба е потврдена од новиот Папа. Кратко после изборот, папата Фрањо на сите раководители на Куријата привремено им ја потврди службата со формулата: „donec aliter provideatur“ односно „се додека не се одлучи поинаку“.
Во писмото папата Фрањо дава до знаење дека тој се сфаќа пред се како римски епископ. Тој ги повтори зборовите кои ги кажа при неговиот прв јавен настап како Папа, дека епископот од Рим „претседава“ во љубов и ги води во заедништво сите Цркви. На неговиот прв јавен настап на 13 март, папата Фрањо изрази желба кардинал Валини да биде покрај него.








All the contents on this site are copyrighted ©.