Во четврток 23 мај, папата Фрањо го прими во Апостолската палата претседателот на
Ел Салвадро Карлос Маурицио Фунес Картагена, кој потоа се сретна и со Државниот секретар
кардинал Тарчизио Бертоне, како и секретарот за односи со државите Доминик Мамберти.
Во соопштението испратен од Ватикан се вели дека во текот на срдечните разговори е
изразено задоволство до постоечките добро односи меѓу Светата Столица и Ел Салвадор.
Дел од средбата беше посветена на слугата Божји, монсињор Оскар Ромеро, поранешен
архиепископ на Сан Салвадор, кој е убиен во 1980 за време на Литургијата и дека неговото
сведоштво е важно за целата нација. Исто така е изразена благодарност за улогата на
Црквата на полето на помирување и мирот, како и за доринесот на Црквата во образованието,
искоренувањето на сиромаштвото и организираниот криминал. Во текот на разговорите
станало збор и за некои етички прашања, како што се заштитата на човечкиот живот,
бракот и семејството.
На крајот од аудиенцијата претседателот на Ел Салвадор
му поклони на папата Фрањо дел од одеждата на монс. Ромеро, која ја носеше за време
на Литургијата кога беше убиен.