2013-05-22 11:10:24

Папата го посети домот „Дар на Марија“


Во вторник 21 мај во 17.30 часот папата Фрањо се сретна со чесни сестри, волонтери и сиромашни во домот Дар на Марија (Dono di Maria), кој го водат Сестрите Мисинерки на љубовта, а се наоѓа во Ватикан веднаша до зградата на Конгрегацијата за наука на верата.
Овој дом е отворен во 1998 година од страна на блажениот папа Иван Павле II И блажена Мајка Тереза. Во овој дом секојдневно се подготвуваат оброци за стотина сиромашни лица, им се нуди краток престој и медицинска помош. Почесниот папа Бенедикт XVI исто така го посети овој дом во 2008 година.








All the contents on this site are copyrighted ©.