2013-05-18 15:54:43

Светиот Отец ја прими Ангела Меркел


Заштитата на човековите права, прогоните против христијаните, религиозната слобода и меѓународната соработка се темите за кои разговараа во сабота, 18 мај во Ватикан папата Фрањо и германската канцеларка Ангела Меркел. Соопштението од Ватикан нагласува за пријатната атмосфера на средбата, која траеше подолго од вообичаените аудиенциите на папата Фрањо со политичари. На средбата станало збор и за долгата историја на односите помеѓу Светата Столица и Германија, како и за теми од заеднички интерес, како што се социјалната, политичката, економската и верската состојба во Европа и светот. На средбата се разговарало и за Европа како заедница на вредности и нејзината одговорност во светот, со желба да бидат вклучени сите граѓански и верски компоненти за развој базиран врз човечкото достоинство и поттикнати од принципот на солидарност. По средбата со Папата, Ангела Меркел разговараше и со Државниот секретар на Ватикан, кардинал Тарчизио Бертоне и секретарот за односи со државите монс. Доминик Мамберти.

svt/ rv







All the contents on this site are copyrighted ©.