Папата го прими претседателот на Колумбија Хуан Мануел Сантос
Колумбиска светица Мајка Лаура Монтоја, која вчера беше канонизирана на плоштадот
Свети Петар и нејзиното послание беше централна тема на разговорот меѓу папата Фрањо
и претседателот на Колумбија Хуан Мануел Сантос. Аудиенцијата се одржа во Апостолската
палата и траеше петнаесет минути, а акцентот на средбата беше ставен на „напорите
на Црквата за промовирање на културата на дијалог и нејзините напори во служба на
човечкиот и духовниот напредок", се вели во соопштението од Ватикан. Освен тоа во
предвид беа земени и предизвиците кои стојат пред државата, посебно социјалната нееднаквост."
На средбата исто така се разговарало и за „мировниот процес и жртвите од конфликтот"
во земјата, со желба „обврзаните страни во процесот на преговорите да бидат водени
од искрена потрага на општото добро и помирувањето". На крајот од средбата беа подвлечени
„напорите на Црквата за заштитата на животот и семејството". (го*ко)