Највлијателниот италијански политичар во повоениот период, Џулио Андреоти почина во
понедлник 6 мај, на 94 годишна возраст. Андреоти беше католик, кој ја живееше својата
вера. Седум пати беше премиер на Италија, а многу италијанци го сметаа за близок пријател
на Ватикан, некој дури и го нарекуваа „министер за надворешни работи“ на Ватикан.
Во телеграмата од Ватикан која е испратена во понеделник вечерта, се вели дека тој
бил: вреден службеник на институциите, човек со вера и верен син на Црквата, кој што
имаше богат и плоден живот. Телеграмата е потпишана од Државниот секретар Тарчизио
Бертоне.
Во политичките превирањата во Италија во 90-те години кога против
Андреоти се водеа повеќе судски процеси, Ватикан секогаш стоеше зад него. Сите обвинувања
против него завршија со ослободителни пресуди. „Тој никогаш не ја криеше својата вера,
и секогаш ја внесуваше во неговото политичко дејствување. Мудроста и хуморот на починатиот
секогаш го импресионирале, изјави кардинал Камило Руини за Радио Ватикан.