2013-05-03 09:03:05

Светиот Отец: Црквата е заедница родена од љубовта Христова


Црквата е заедница родена од љубовта Христова. Тоа го рече папата Фрањо на проповедта за време на светата Литургија во капелата на домот „Света Марта" во Ватикан. Папата истакна дека поделбите во Црквата настануваат, кога христијаните се спротиставуваат на делувањето на Светиот Дух. На Литургијата покрај Папата служеше и кардинал Алберт Патабендиџе, а беа приустни претставници од Ватиканските музеи.

Во проповедта Светиот Отец зборуваше за првите моменти од животот на Црквата, која по Педесетница, излегува и оди во „периферијата на верата", за да го навестува Евангелието. Папата посочи дека Светиот Дух прави две работи: „прво турка напред" и создава „проблеми", а потоа „гради хармонија во Црквата". Меѓу првите ученици во Ерусалим, истакна папата Фрањо, постоеле различни ставови во врска со примањето на незнабошците во Црквата. Имало такви кои не сакале да ги прифатат, и други кои биле наклонети кон нив:

Во тие моменти постоело недоразбирања помеѓу Христовите ученици. Затоа, Светиот Дух делува за да се изгради хармонија помеѓу различните мислења, хармонија во Црквата, меѓу учениците во Ерусалим и помеѓу нив и незнабошците. Светиот Дух секогаш делува чудесно во историјата. Кога го спречуваме неговото делување, почнуваат поделбите во Црквата, бидејќи се затвараме пред Духот на вистината".

Папата ги спомна зборовите на Петар, кој нагласува дека не треба да им се става на „вратот на учениците јарем, кого ниту нашите татковци, ниту ние не можевме да го носиме“ (Дела 15,10):

„Кога служењето на Господ се претвара во тежок товар, вратите на христијанските заедници се затвараат: никој не сака да доаѓа кај Господ. Ние веруваме дека сме спасени преку благодатта на Господ Исус. Зборот „јарем, бреме" не доаѓа од срцето, туку од разумот".

Папата појасни што значи денес да се носи „товар" со Црквата. Исус, посочи тој, бара од сите нас да останеме во љубовта Негова. Од таа љубов се раѓа исполнувањето на заповедите Негови. Таа е „христијанска заедница, која ја прифаќа волјата Негова", која пребива во љубовта Христова. Таа љубов, додаде Светиот Отец, „нè тера да сме верни на Господ":

„Да бараме од Господ, Светиот Дух да ни помага секогаш, за да се претвориме во заедница на љубов, на љубов кон Христос кој не возљуби до крај. Заедница со отворени врати. Нека не сочува од искушенија за да не бидеме пуританци, во буквална смисла на зборот, кои бараат чистота надвор евангелието. Исус сака од нас пред се љубов, љубов кон Него, да останеме во Неговата љубов.“








All the contents on this site are copyrighted ©.