2013-05-03 09:07:43

Почесниот папа Бенедикт XVI се врати во Ватикан


Почесниот папа Бенедикт XVI денес попладне се врати во Ватикан откако претходните два месеца престојуваше во Кастел Гандолфо, соопшти канцеларијата за печат на Светата Столица.

Бенедикт XVI пристигна со хеликоптер од Кастел Гандолфо околу 16:45 часот во придружба на перфектот на Папскиот дом монсињор Георг Генсвајн.

На ватиканскиот хелиодром го пречекаа кардинал декан Анџело Содано, Државниот секретар кардинал Тарчизио Бертоне, и голем број други ватикански службеници. Потоа со автомобил беше однесен до своето ново живеалиште, обновениот манастир „Мајка на Црквата“ (Mater Ecclesiae), пред кој го дочека папата Фрањо, кој му упати зборови на благодарност и братска срдечност. Потоа, заедно отидоа во капелата на манастирот каде се задржаа во кратка молитва.







All the contents on this site are copyrighted ©.