Папата Фрањо во вторник 30 април, во Апостолската палата го прими преседателот на
Израел Шимон Перес, кој се сретна и со државниот секретар Терчизио Бертоне и секретарот
за односи со државите монсињор Доменик Мамберти, соопшти Канцеларијата за печат на
Светата Столица.
На средбата станало збор за политичките и општествените прилики
на Блискиот Исток, каде се уште постојат немири. Изразена е желба за што побрзо продолжување
на преговорите меѓу Израелците и Палестинците и со храбра одлука и подготвеност и
на едната и на другата страна, како и со поддршка од меѓународната заедница, да постигнат
договор со кој ќе се почитуваат легитимните цели на двата народа, кој пак ќе придонесе
за мир и стабилност во регионот. Една од неизбежните теми било и прашањето за градот
Ерусалим. Изразена е посебна загриженост поради немирите во Сирија и желба за пронаоѓање
политичко решение кое ќе даде предност на логиката на помирување и дијалог. Во
разговорите, било истакнато и за односите помеѓу Израел и Светата Столица за израелските
државни власти и католичката заедница во Израел. Пофален е напредокот кој го постигна
Билатералната работна комисија која работи на подготовка на Спогодба за прашања од
заеднички интерес и изразена е желба да биде што побрзо завршен, стои во соопштението
од Канцеларијата за печат на Светата Столица за средбата меѓу папата Фрањо и израелскиот
преседател.