2013-04-30 12:31:12

Почина епископот од Шангај Луксијан


Секретарот на Конгрегацијата за евангелизација на народите, Савио Хон, во писмо по повод смртта на епископот од Шангај Алојз Џин Луксијан упати признание за неговата епископска служба.

Епископот Алојз Џин Луксијан од Шангај почина во сабота, 27 април, на 97 години, јавува католичката информативна агенција Азијањуз. Епископот подолго време бил болен и последните неколку месеци е задржан во болница, каде што му беше забрането да прима посета.

Џин Луксијан припаѓа на маркантните и истовремено контроверзни претставници на Католичката црква во Народна Репбулика Кина. Важеше за претставник на патриотската Католичка црква, блиска на режимот, но исто така скоро 30 години помина во затвор, откако комунистите ја презедоа власта.

Секретарот на Конгрегацијата за евангелизација на народите, во писмото истакнува дека епископот Луксијан во 2005 година се помири со Ватикан и дека беше многу активен душогрижник.








All the contents on this site are copyrighted ©.