2013-04-30 12:58:11

Папата разговара со сите префекти на Конгрегациите


Папата Фрањо разговараше со сите девет префекти на Ватиканските конгрегации. Во понеделникот го прими префектот на Конгрегацијата за образование, кардинал Зенон Грохолевски. Полскиот кардинал покрај другото е одговорен за католичките универзитети училишта во голем дел од светот.

Средбите на Папата со претседателите на дванаесетте Папски совети се уште не се планирани. Во понеделникот Папата го прими Генералниот секретар на Епископската синода, архиепископот Никола Етеровиќ, како и тројцата нови нунции, кои во саботата примија хиротонија од Државниот секретар на Ватикан, кардинал Тарчизио Бертоне.








All the contents on this site are copyrighted ©.