2013-04-28 11:29:15

Папата Фрањо: Исус нè праќа радосно да го навестуваме неговото име


„Да погледнеме кон Исус, кој нè праќа да евангелизираме и да го навестуваме со радост Неговото име“, истакна Папата за време на Литургијата, која ја служеше во сабота 27 април во домот Света Марта во Ватикан. Папата посака „да не се плашиме од Светиот Дух“ и во борбата „да не се затвориме во себе“. На Литургијата присуствуваа претставници на Ватиканската пошта и педијатри од амбулантата Света Марта.

Коментирајќи го литургиското читање за денот, во кое учениците го навестуваат Исус пред народот во Антиохија дојден да го слуша Словото Господово, Папата посочи зошто Евреите се„затворена заедница“ и сѐ исполнети со завист према мноштвото христијани (Дела 14, 44-52): „Затоа што имале затворено срце за новото од Светиот Дух “, рече Папата. Тие мислеа дека сѐ е кажано, дека е се онака како што мислеа дека треба да биде и затоа се чувствувале како „бранители на верата и почнале да зборуваат против апостолите и да ги клеветат“. Дури ги поттикнуваат угледните, побожните и чесните жени кои имаат влијание да ги убедат своите мажи да ги протераат апостолите.

„Таков е односот на оваа група, како и на сите други групи во историјата кои се затвораат во себе: „да се договориме со власта и да го решиме проблемот, но меѓу нас“.... Токму како што постапија на Воскреснтото утро со војниците кои говореа „Видовме тоа“ ... молчи! Земајте ... „И со пари прекрија сѐ“. „Тоа е карактеристично за менталитетот со затворена религиозност, на која и недостасува слобода за да се отвори на Господ.

„Нивниот заеднички живот е за да ја бранат вистината, бидејќи веруваат дека ја бранат, и секогаш го прават тоа со е клевета, измама... Заедници кои зборуваат против или го осиромашуваат ближниот гледаат внатре, опкружени со ѕидови. Спротивно, слободната заедница со Божја слобода, чекори напред, па и во прогонство. А Словото Божјо насекаде се ширеше. Да се чекори напред, тоа е својствено на Господовата заедница, да се шири. Доброто не се сокрива внатре. Тоа е мерило на Црквата!

За Папата тоа претставува „критериум на Црквата“ и повод за „испит на совеста“: „Каква е состојбата на нашите верски и парохиски заедници? Дали се отворени за Светиот Дух, кој секогаш нè води во навестувањето на Словото Божјо или се затворени заедници „со точни заповеди кои ги наметнуваат на верниците, како што самиот Господ беше рекол за фарисеите?“.

„Прогонствата почнуваат токму поради религиозни мотиви или поради завист“, рече Папата. Но не само што, „Христовите ученици беае исполнети со радост од Светиот Дух“, туку и говореа и откриваа нови патишта.“

Наспроти ова, посочи папата Фрањо „затворената заедница, сигурна во себе, бара безбедност во договор со власта и со парите, зборува со навредливи зборови: навредува, осудува ... Можеби ги заборавиле милувања на мајките, кога биле деца. Овие заедници не се раководат со милувања, туку со обврски, само да дејствуваат и се затвораат во едно привидно служење. Тие се како Исус кога им рече на фарисеите: „Вие сте како варосан гроб, бел и убав однадвор, а внатре празни".

„Да гледаме денес во Црквата, која е толку убава: оваа Црква чекори напред - истакна Папата. Да размислуваме за бројните наши браќа, кои се лишени од слобода на Духот и се прогонувани и денес, во многу земји. Но овие наши браќа, во страдањето се исполнети со полна радост и Светиот Дух“. Да погледнеме на Исус кој нѐ праќа радосно да го навестуваме неговото име – заврши папата, кој напомна дека не треба да се плашиме од радостите на Духот, инаку ќе се затвориме во себе.








All the contents on this site are copyrighted ©.