2013-04-25 11:17:55

Патот на Црквата е пат на крст, маки и прогонство


Црквата не е некоја државна организација, туку таа е љубовна приказна - истакна папата Фрањо на светата Литургија во среда 24 април, која ја служеше во капелата на домот на Света Марта. На светата Литургија присуствуваа вработени во ватиканската банка, а со Светиот Отец сослужувал кардинал Хавиер Бараган, некогашен преседател на Папскиот совет за душогрижништво во здравството.

Денешните Литургиски читања зборуваат за настаните во првата христијанска заедница која расте и го зголемува бројот на ученици. Тоа е добро - забележа Папата - но може да не наведе на „преговори“ како со таков потфат би имало уште повеќе членови. Напротив, патот кој Исус го сака за својата Црква, е друг: тоа е пат на мака, пат на крст и прогонство... Тоа нè поттикнува на размислување за тоа што е Црква? Ова наша Црква, ни се чини дека не е човечко дело.

Црквата е нешто друго - истакна Светиот Отец. Не се учениците тие кои ја прават Црквата, тие се Исусови пратеници. И Христос е пратеник на Отецот. Затоа се гледа дека Црквата започнува таму, во срцето на Отецот кој ја имал таа идеја... рече папата и веднаш додаде - Не знам дали Отецот имал некоја идеја; Отецот имал љубов. И така ја започна оваа љубовна приказна, така долга низ времињата, и која уште не е завршена. Ние, жените и мажите во Црквата сме во центарот на таа љубовна приказна: секој од нас е една кратка алка во тој љубовен синџир. Иако тоа не го разбираме, ништо не разбираме што е Црква -истакнал Светиот Отец.

Потоа предупреди дека искушението дека црквата расте не поминувајќи по патот на љубовта, папата Фрањо истакна дека Црквата не расте со помош на човечка сила. Некои христијани згрешиле поради историски причини, го погрешиле патот, создале војски , воделе верски војни; но тоа е друга приказна, не е ова приказна за љубовта. Но како расте? - запраша папата и истакна - Исус едноставно рече: како синапово зрно, расте како квасец во брашно, без врева.

Црквата расте оддолу, полека – напомена Папата. А кога Црквата сака да ја зголеми својата колична тогаш станува организација, канцеларија, и станува по малку чиновничка, го губи својата главна суштина, и може да се претвори во невладина организација. А Црквата не е невладина организација. Таа е љубовна приказна... – рече Светиот Отец, присетувајќи се дека зборува пред вработени во ватиканската банка, и напоменал дека сето тоа е потребно, па така и канцелариите, и тие се потребни до одредени граници, и тоа како помош во споменатата љубовна приказна. Но кога организацијата го зазема првото место, љубовта се спушта ниско, а кутрата Црква станува невладина организација. А тоа не е патот - истакна Светиот Отец.

Црквата е Мајка. Тука на оваа Литургија се присутни многу мајки - забележа Папата и запраша: Дали некогаш сме слушнале да ви кажат: Вие сте организаторка на целиот дом? Ќе кажете: Не јас сум мајка!“, И Црквата е Мајка. А ние сме во љубовната приказна која оди напред со силата на Светиот Дух, и сите ние заедно сме семејство во Црквата која е наша Мајка - рече папата на крајот и ја воздигна својата молитва кон Богородица за да ни даде милост на духовна радост по патот на таа приказна за љубовта.








All the contents on this site are copyrighted ©.