Порака на Папата до учесниците на Евхаристискиот конгрес во Костарика
„Засилен молитвен живот, за да може Евхаристијата да биде вистинскиот центар во животот
на христијанските заедници, каде благодарноста и делувањето на благодатта да бидат
импулс за обновена евангелизација и црковно заедништво“. Овој повик го упати папата
Фрањо до учесниците на Националниот Евхаристиски конгрес во Коста Рика. Тема на конгресот
е „Евхаристијата, Леб на животот за нашиот народ“. Во пораката, Папата посака „сите
крстени да црпат изобилни духовни сили од Пресветата олтарска Тајна“ за изградба на
еден поправеден и помирен свет, според пораката на Исус Христос. На крајот папата
Фрањо ги довери црковните пастири и верниците на „со љубов богатото покровителство
на Дева Марија на Ангелите“ упатувајќи им апостолски благослов.