2013-04-20 14:44:48

Папата упати телеграма со сочувство за жртвите погодени од експлозијата во Тексас


Папата Фрањо изрази духовната блискост со жртвите од големата експлозија во фабриката за ѓубрива во американската сојузна држава Тексас, која однесе десетици животи, а стотици луѓе се повредени. Експлозија од огромни размери ја срамни со земја фабриката за ѓубрива во гратчето Вако во Тексас, а уништени се и голем број околни куќи и згради, меѓу нив и едно училиште. Во телеграмата до епископот на Остин Џо Васкез, Папата изрази сочувство за сите погодени од трагедијата и моли од Господ да им дарува мир и утеха на оние кои тагуваат и да им помогне на кои се вклучени во операциите за спасување.








All the contents on this site are copyrighted ©.