2013-04-18 08:42:25

Нови пораки на Твитер од Светиот Отец


По завршувањето на Генералната аудиенција во среда Папата Фрањо објави две нови пораки на неговиот Твитер профил.
Првата гласи: „ Вознесението не значи отсутност на Исус, туку ни кажува дека тој е меѓу нас жив на еден нов начин и е близу до секој.“
Во втората Твитер порака стои: „За да се влезе во славата Божја се бара секојдневна верност кон Неговата волја, дури и кога таа бара жртва.“
До денес Твитер профилот на Папата, кој е на девет јазици, надминува 5 милиони и 500 илјади пријатели.








All the contents on this site are copyrighted ©.